Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба во граѓаните во ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром. Како што соопшти партискиот Центар за комуникации, Мицкоски со граѓаните разменил мислење за најважните прашања.
„Незадоволни се лекарите затоа што не ја добија платата од 100 илјади денари кои власта им ја ветуваше, незадоволни се таксистите чии горива постојано растат, стопанствениците кои се цел на рекет од власта и мора да плаќаат зголемени даноци“, истакнал Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, при посетата во Аеродром посочил дека секаде во земјава владее класична лага, а претседателските избори се првиот чекор кон пад на власта и конечна смена на централната власт.