Дружењето во  наргиле баровите  стана тренд кај младите луѓе на Балканот, исто така тоа е тренд низ целиот свет. Во последно време овие барови се повеќе ги има во близина на училиштата.

Истражувањата  покажаа дека девет проценти од основците, на возраст од 13 до 15 години, пробале наргиле како и секој трет средношколец.

Младите луѓе, или нивните родители, не се ни свесни за тоа како зачинетиот тутун што го пушат е штетен за здравјето и какви последици можат да имаат. Светската здравствена организација предупредува дека за време на „една сесија“ на пушењето наргиле, во телото се внесуваат штетни материи како да е ипушена цела една кутија за цигари.

Раководителот на Кабинетот на Светската здравствена организација (СЗО) во Србија Марјан Ивануша предупредува дека наргилињата се особено опасни бидејќи голема количина на никотин и други штетни материи се внесуваат во организмот за кратко време.

„Една сесија на пушење наргиле трае околу половина час до еден час и во овој период се внесуваат многу штетни хемикалии во организмот како кога се пуши една кутија цигари. Ова обично се заборава“.

„Постојат многу земји кои, кога усвоија закон за контрола на тутунските производи, и го класифицираа наргилето во  група  на производи од тутун се третираат на ист начин“, потенцираше таа.

“Употребата на наргиле кај младите луѓе е, на некој начин, влезен билет за подоцнежна употреба на цигари и други производи од тутун. Ова е многу опасно затоа што зависноста се создава на рана возраст”, нагласуваат експертите .

Дополнителна опасност е дека младите луѓе користат исто „луле“ додека пушат наргиле, што е можност за пренесување на многу инфекции, како што се разни вирусни инфекции, херпес на усните, дури и туберкулоза.

Надлежните предупредуваат дека мора да има  подобра проверка на работата на  наргиле баровите и оние што продаваат производи од тутун  на лица помали од 18 години мора да бидат казнети. Надлежните исто така  предупредуваат дека е особено опасно дека не  се контролира содржината на тутунот што се става во наргилето, и се случува тутунот кој е без контрола увезен од некои други земји  да содржи штетни супстанци во големи количини.