Министерот за здравство, Г-НОТ ФИЛИПЧЕ во изминатиот период даде изјава во која кажа дека за да има крај на епидемијата од морбили потребно е два пати по 12 дена да нема ниту еден заболен и со тоа ќе има крај на епидемијата. Но, за жал тоа не е така, како и се останато што го посочи министерот за здравство, Венко Филипче така и за ова, работите неможе туку така лесно да се завршат, особено кога некој има парична корист од истите – пишуваат по социјалните мрежи
Така пациентите и загрижените родители посочуваат дека министерот ги прекардаши сите работи, цела година имаме епидемија, тој не е способен да ја среди, контролира и сега уште продолжува да го лаже и манипулира народот, пациентите, родителите, децата. Со менувањето на исказите од страна на министерот Филипче, само се потврдува несериозноста на министерот, неговите неквалитети доаѓаат до израз и одликата на целата влада која се служи со методи на лажење и манипулација се пресликуваат и врз неговите постапки
Најново сега според министерот за болести, епидемии и профит од вакцини, Венко Филипче, за да можат здравствените власти да ја „одјават“ епидемијата со морбили, потребно е да поминат 42 дена од последниот пријавен случај. Тој период сè уште не е поминат, бидејќи последниот пријавен случај беше на 13 септември, поминати се сам 19-ет дена.
– Прогласувањето на крај на епидемијата граѓаните на Македонија никако да го дочекаат. Ако до толку сме заразни нека се блокираат сите институции и нека не функционира државата, вака само не манипулира некој од позиција на министер и не ни дозволува да живееме нормално – посочуваат гневно родителите, пациентите.
За едни работите функционираат на еден начин, и покрај епидемија може да се работи, ама од друга страна ако одредено лице нема примено вакцина и покрај податокот дека истото лице има прележано морбили, каде со тоа патем личноста се стекнува со траен имунитет, истата таа личноста неможе да оди на работа, во школо или да функционира нормално. На крај луѓето се приморани да примаат вакцини, прележани/непрележани, болни/здрави, сето тоа за профит на министерот – посочуваат родителите.
Со ваков случај и слични на него граѓаните само забележуват дека државата не функционира нормално, власта не е свесна што им прави на своите граѓани, пациенти, болни и се функционира со двојни аршини. Тоа е оваа власт што донесе, неверојатен живот, само никој од лицата кои приговараат, протестираат и не се задоволни од здравствениот систем во Македонија, не можат да го видат и осетат.
Според властите може да се случи на пример денеска да има нов случај, па сметањето ќе започне од денеска, па во следните 42 дена да се чека да поминат за да има крај на епидемијата. За ставање на одлуката за епидемија вон сила, треба да имаме и законска и епидемиолошка основа. Инаку, в петок ќе излеземе со број на првачиња кои немаат примено МРП, сега ги правиме анализите. Генерално опфатот со вакцинација на деца е над 98 отсто, што е добар процент – вели д-р Микиќ.
Во меѓувреме, здружението „Од нас за нас“, кое пред две недели организираше конференција за предизвиците со кои се соочуваат родителите во врска со вакцинацијата, објави и отворено писмо до министерот за образование и наука Арбер Адеми, во кое потсетува дека има првачиња кои веќе цел месец не се на училиште. Во писмото стои и дека ќе поднесат и кривична пријава за министерот.
Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, кој редовно информира за состојбата со мали сипаници, стои дека заклучно со 27 септември, не се регистрирани нови случаи на мали сипаници.
„Вкупниот број на регистрирани случаи во републиката изнесува 1.900. Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 39.217“, стои во нивниот последен извештај.