По стапување на Венко Филипче на функција како министер за здравство се појавија низа скандали за доста краток период. Се случија пропусти со морбили, се заразија и деца болни од рак, пациенти умираат при едноставни хируршки зафати, умираат од скршеници, се појавува смртоносна бактерија на една од клиниките, но одговорност од него нема.

Но во земјите по светот министрите за здравство и  другите надлежни во владите за сектор здравство даваат оставки за минорни работи и за тоа има и безброј примери.

Министер за здравство од Бугарија, г. Николај Петров поднесе оставка по објавување на една од истражувачки стории каде се обелоденува дека истиот министер доделувал јавни набавки на т.н. „свои луѓе“.

Министерот за здравство од  Словенија, г. Томаж Гантар поднесе оставка поради големите разлики во коалициската влада за здравствените реформи, но и потешкотиите од намалените средства за здравствениот систем.

Министерот за здравство од Шпанија, г-ѓа. Кармен Монтон поднесе оставка поради невистинити информации кои ги доставила во областа на своето образование.

Министерот за здравство од Филипини, г. Бенињо Акуино поднесе оставка поради скандалот за вакцините за пневномија во 2012 година.

И исто така еден од челниците во здравствениот систем во Италија, г. Валтер Рикарди поднесува оставка бидејќи во Италија се појавува афера околу квалитетот на вакцините и поради самата појава на здружение „анти вакцинална група“.