Минералите се една од најважните состојки во човечкото тело, а жените се чувствителни на нивниот недостаток. Поради честите диети, навиките на живот или обилни менструации, некои жени често ги мачи недостаток на основните минерали.

Железо

Железото е минерал неопходен за имунитетот на телото и за нормално функционирање.

Исто така, помага при производство на хемоглобин, протеини во црвените крвни клетки, кои помагаат во транспортот на кислородот низ телото и ја претвора храната во енергија.

Исто така, обилната менструација може да влијае на нивото на железо во крвта, како и на типот на исхрана. На жените во перименопауза им треба 27 милиграми железо на ден, додека телото на бремените жени подобро го апсорбира железото од храната, па поретко се појавува недостаток.

Кога постојано е присутен недостаток на железо, се јавува анемија, која се манифестира со следниве симптоми – замор, скратен здив, срцеви аритмии и опаѓање на косата.

Се препорачува консумирање храна, како што се јајца, брокула, цвекло, спанаќ, пилешки црни дроб, како и храна богата со витамин Ц, бидејќи тоа ја поттикнува апсорпцијата.Од друга страна, треба да се избегнува чајот.

Дури и вишокот железо во организмот не е добро затоа што доведува до проблеми со црниот дроб.

Калциум

Калциумот е важен за функцијата на мускулите, срцето и ензимите. Но, две третини од жените не добиваат доволно од овој минерал преку исхрана, откри студија во 2015 година.

Иако млечните производи може да предизвикаат алергиски реакции или нетолеранција кај некои, има храна што може соодветно да ги замени. Главниот проблем што може да биде предизвикан од недостаток на овој минерал е остеопороза и губење на густината на коските, што во подоцнежните години го зголемува ризикот од фрактури.

Препорачаната дневна количина на калциум е 1000 милиграми што ги добиваме од конзумирање на млечни производи и конзервирана риба.

Исто така, печурките се богати со витамин Д кој помага во апсорпцијата на калциум, а умерено изложување на сонце ќе го зголеми снабдувањето со витамин Д на организмот.

Магнезиум

Магнезиумот е вклучен во производство на енергија од храната, помага во обновувањето на организмот и неговиот раст, и затоа често спортистите земаат производи што содржат магнезиум.

Една студија за 2018 година вели дека без доволно ниво на магнезиум, организмот не може да го метаболизира витамин Д. Секој ден, на организмот му требаат 310 до 320 милиграми магнезиум.

Намирници полни со магнезиум се житарките, семките, зеленчукот, месото и производи од животинско потекло.

Само чаша од авокадо содржи 44 милиграми. Недостаток на магнезиум во телото доведува до замор, гадење, трнење и грчеви во мускулите.

Витамин Б12

Тоа е витамин кој помага во обновување на нервните клетки, производство на енергија и формирање на црвени крвни зрнца, се препорачува дневно внесување од околу 2,4 милиграми.

Најмногу се наоѓа во месото, млекото, сирењето и јајцата, па затоа ако вашата исхрана се заснова исклучиво на зеленчук, може да биде предизвик да го добиете потребниот внес, а производите засновани на соја и замените на месо може да помогнат.

За време на бременоста, витамините Б12 играат важна улога во развојот на нервниот систем на бебето, а апсорпцијата на витамините ја помагаат фолатите од фолната киселина.