И покрај тоа што министерството за здравство се пофали со набавката на 12 амбулантни возила за Итната медицинска помош, тука ситацијата не е така чиста како што се збори и шири веста. Според стандарди и критериуми на МЗ во Скопје ќе има дистрибуција на само шест од возилата, а тоа е врз база на критериумот дека „за 50 илјади жители треба да има едно амбулантно возило“.
Критериумите според кои ќе се врши распределбата на возилата во Министерството за здравство и медиумите наводно се одвива според Светската здравствена организација (СЗО), но никој не го објави документот од каде е изваден тој стандард.
Министерството за здравство немајќи критериум по кој се врши распределба на возилата на Итната медицинска помош, продолжува со работа и функционирање на начин кој сами си го искреирале или само они интерно го знаат, бидејќи никој во јавноста не е запознаен официјално, се е само на збор. Истражувајќи ги сите итни медицински екипи за помош во републиката упатените не можеле да се сретнат со критериумот кој го промовира министерот Филипче.
„Според препораките на Светска здравствена организација, на 50.000 луѓе мора да има едно возило на Итна медицинска помош. До сега во Градот Скопје имало шест возила. Со оваа набавка, се обезбедуваат дополнителни шест возила, со што капацитетот на Итната медицинска помош ќе се зголеми за 100 проценти, но, исто така ќе се исполнат и стандардите на СЗО“, рече министерот за здравство, Венко Филипче.
Јавноста прашува дали Филипче критериумот го донел од дома? Каде е објавен и може ли да се добие документот врз база на кој се прави набавката на возилата и нивна прераспределба? Дали има направено претходно тестирање дали со едно возило ќе се задоволат потребите на 50 илјади граѓани и во кои делови од главниот град има поголема или помала потреба? Како и на кој начин ќе се организираат потребите и каде има забележано министерот Филипче пропусти во ИМП? Како и на кој начин планира да ги реши, кои се неговите решенија за пропустите кои постојат?
Не само министерот да посочува дека кога има некаков проблем во здравствениот систем во Македонија, доколку треба некаде да се инвестира тој веднаш тој дел би го продал, односно би направил јавно приватно партнерство и би го решил. Тоа не е решавање на проблемите во здравството тоа е продажба на државното, на јавното здравство за кое никој не го бираше и не го стави да биде министер, за да може да го распродава!!! – се дел од коментарите на социјалните мрежи од граѓаните.
Колку само за компарација, да можат граѓаните да извлечат заклучок, една од земјите кои ни се во непосредна близина е и Австрија, која има население од 8,7 милиони жители. Во рамките на нејзиниот здравствен систем, функционираат 2500 возила на итната медицинска помош, не вклучувајќи ја Хеликоптерската медицинска помош (ХЕМ) и нејзините хеликоптери. Со тоа што од овие 2500 возила, 700 функционираат 24/7 на територијата на цела Австрија. Доколку се направи груба математика, на 8,7 милиони жители во Австрија на едно амбулантно возило потпаѓаат 3480 жители.
Доколку не се земат сите 2500 возила туку само оние кои работат 24/7. Во тој случај од 8.7 милиони жители на едно амбулантно возило потпаѓаат 12.428 жители. Исто како кај нас, нели?