Луѓето често имаат нездрави навики со кои несвесно си го нарушуваат сопственото здравје, дури и ако правилно се хранат. Здравата исхрана е клучна за здрав живот, но само тогаш кога е проследена со здрави навики.
Затоа, избегнувајте ги следниве грешки после оброк:
1. Јадете овошје
Ако овошјето е дел до оброкот, тогаш сите негови јаглен хидрати, влакна, витамин и ензими, ви се добредојдени. Но, ако посакате да го јадете со полн стомак, тога[ организмот многу тешко ќе го свари.
2. Пиете чај
Танините од чајот ја попречуваат апсорпцијата на железо во организмот, со што се попречува неговото максимално дејство, а можат да влијаат и на падот на нивото на овој важен минерал. И покрај здравата исхрана, оваа лоша навика може да ве чини анемија, чии симптоми се замор, слабост, вртоглавица и лоша циркулација.
3. Пиете сокови, посебно газирани
Иако многумина мислат дека сокот ќе и биде добредојден после обилен оброк – факт е дека течноста ќе ги разблажи соковите во стомакот и на тој начин ќе се забави варењето. Експерти велат дека после јадење е најдобро да се почека за консумирање на било каква течност.
4. Палите цигара
Пушењето никако не може да биде дел од здравата исхрана, а посебно не кога цигара ќе се запали веднаш после јадење. Оваа навика му одзема на организмот значајна количина на кислород кој е неопходен за правилно варење на храната, а телото тогаш апсорбира многу повеќе канцерогени материи од димот од цигарата.
5. Се туширате
Ако ви се брза, па после оброк планирате брз туш пред излегување, размислете малку за тоа. Додека се туширате во топла вода, температурата на телото благо расте, па нашиот организам добива сигнал дека малку повеќе крв се испраќа до кожата, а не до желудникот, на кого му е потребен квалитетен прилив на крв за подобро варење.
6. Одите на спиење
Ако уште не знаете зошто не е добро да го смирите организмот после јадење, сетете се дека на поединчени видови на храна им е потребно малку повеќе активност и време за да се разградат. Со спиењето ќе морате уште повеќе да го забавите тој процес.