Секој петти пациент со дијабетес примен во болница со коронавирус умира во рок од 28 дена, велат резултатите од најновата студија спроведена на Универзитетот во Нант. Студијата откри дека еден од седум пациенти со дијабетес, хоспитализиран со коронавирус се уште е во болница 28 дена по приемот.
Нивните анализи покажуваат дека за 28 дена хоспитализација, 577 од 2.796 пациенти во студијата починале (21 отсто), додека речиси 50 отсто (1.404) биле отпуштени, со престој во болница од девет дена. Од останатите пациенти, 12 отсто останале во болница полни 28 дена, додека 17 отсто се префрлени во друга здравствена установа.
Студијата е објавена во списанието Diabetologia, а е спроведена на вкупно 2796 учесници од кои 2/3 или 64% се мажи на средна возраст од 70 години.
Прелиминарните резултати од студијата беа објавени во мај 2020 година, покажувајќи дека 10 отсто од пациентите со дијабетес примени во болница со коронавирус умираат во рок од седум дена.