Најнови информации за коронавирусот: Досега се заразени 189.761 луѓе

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 189.761 луѓе заразени со новиот коронавирус. Италија – Италијанското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека 7.890 лица ја прекршиле владината регулатива…

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 189.761 луѓе заразени со новиот коронавирус.

ИталијаИталијанското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека 7.890 лица ја прекршиле владината регулатива за коронавирусот, од 172.720 кои беа изложени на проверка. Евидентирано е дека 229 лица дале лажни изјави.

Бугарија – Во Бугарија има 67 заразени со коронавирусот, изјави денеска на прес-конференција генералот Венцислав Мутафчиски, кој ја предводи Националната оперативна група за коронавирусот. Во меѓувреме, 85 вработени во Втората градска болница до вчера во 16 часот поднесоа оставки. Болницата беше наменета за прием на болни од коронавирусот.

Австрија – Австрија денеска стави под карантин уште четири општини. Со тоа регионите во западниот и јужниот дел на земјата, кон кои е блокиран пристапот заради спречување на ширењето на новиот вирус, достигнаа вкупно седум. На жителите на Лех, Клостер, Варт и Шранкен во провинцијата Ворарлберг во близина на германската граница веќе не им е дозволено да ја напуштат територијата од тие општини до 3 април.

Британија – Главниот советник за наука во британската Влада, Патрик Валанс рече дека во Велика Британија може да има и до 55.000 инфицирани со коронавирусот. – Ќе биде добро ако имаме помалку од 20.000 жртви, рече Валанс, додавајќи дека очекува Владата да ги воведе рестриктивните мерки што вчера ги најави Борис Џонсон за две или три недели.

Бразил – Во Сао Паоло, Бразил, е регистрирана првата жртва од коронавирусот. Оваа јужноамериканска држава пријави 239 заразени со овој вирус. Стотици затвореници избегаа од бразилските затвори еден ден пред избувнувањето на заразата кога им беше укината привилегијата за еднодневен одмор.

Европа се соочува со „критичен недостиг“ во медицинска опрема, рече доктор Ханс Хенри Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација за Европа.

Шпанија – Шпанскиот весник „Ел Паис“ пишува дека во еден дом за стари лица починале 19 лица од коронавирусот.


Related Articles