Во Берово утрово е најстудено, -11 степени, а максимални два степена се измерени во Дојран.
Според УХМР, -8 е во Скопје Петровец, Штип и Кривас Паланка, -7 во Тетово, Битола, Струмица, Дебар, Демир Капија и Маврови Анови, -6 во Скопје Зајчев Рид, Прилеп и Охрид, -5 во Претор и Куманово, -4 во Лазарополе, -3 во Гевгелија и нула степени се измерени во Крушево.
Висината на снежната покривка до 7 часот е 12 сантиметри во Маврови Анови, четири на Попова Шапка и два сантиметра во Крушево.
Времето утрово е ведро и студено. Во Дебарско има појава на магла.
Во текот на денот ќе биде сончево, попладне со умерена до значителна облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
Во Скопје сончево, попладне со умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 7 степени.