Според информациите од Министерството за здравство, бројот на заинтересирани граѓани за вакцинација се зголемува. Пријавувањето се одвива преку платформата вакцинација.мк, а во моментов предност имаат повозрасните граѓани и критичната инфраструктура.

Во Македонија процесот на вакцинација се одвива во неколку регионални вакцинални пунктови, а наскоро се очекува и отворањето на уште еден поголем пункт во Велес. Точната локација на пунктот е средното училиште „Коле Неделковски“.

Специјалистот по интерна медицина, доктор Ненад Коциќ, кој воедно е и пратеник, посочи дека се е подготвено и за неколку дена се отвора и пункт во Велес.

Според информациите од надлежните, досега се аплицирани речиси 250.000 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.505 граѓани. Бројот на граѓани кои се пријавиле за вакцинација преку платформата vakcinacija.mk е околу 400.330 граѓани.