Балансираната исхрана богата со витамини и минерали е од големо значење за силен имунолошки систем. Освен тоа, пресудно е да јадете исклучиво домашна храна и да одбирате сезонско овошје и зеленчук, советуваат нутриционистите.
Докторите предупредуваат дека некои лоши навики можат да нѐ направат поранливи и помалку отпорни на нападите на вирусите и дека токму тие можат да доведат до кобни последици.
За да ви биде телото отпорно, мора да им ставите крај на овие навики…
1. Прескокнување појадок
За да ги задоволите своите дневни енергетски потреби, појадокот е најважен. Исто така, во овој период, телото мора да ги добива сите неопходни нутриенти, па така не се препорачува никаква ригорозна диета. Во текот на денот задолжителни се 3 главни оброци и 2 ужини.
Прескокнувањето на појадокот може да ја зголеми количината што ќе ја изедете во другите оброци, што доведува до неурамнотеженост на шеќерот во крвта. Имунитетот на телото, исто така, опаѓа кога сте гладни. Најдобра опција за појадок е омлет, бидејќи јајцата се квалитетен извор на протеини. Нивната висока количина на железо и витамин А го одржува имунолошкиот систем.
2. Прескокнување ужини
Помеѓу главните оброци, задолжително пригответе си полесни ужини за да ја одржите рамнотежата на шеќерот во крвта, да го контролирате апетитот и да ги исполните дневните прехранбени потреби. Грицките како овошје и јогурт или јаткасти плодови, како бадеми, ореви или лешници, ќе ви помогнат да ја зголемите отпорноста на телото.
3. Еднолична исхрана
Повторувањето на слични оброци неколку дена по ред му наштетуваат на телото. За да биде имунитетот силен, неопходно е комбинирање намирници и внесување што поразновидна храна.
Доволната количина на вода е од суштинско значење за варењето, за апсорпцијата на хранливите материи, исфрлувањето на штетниот отпад од телото и преостанатите метаболички процеси. На нашето тело всушност му треба 30 милилитри вода по килограм од нашата маса.
5. Зголемено внесување печива и благо
Ништо не може толку да го уништи имунитетот колку преголемата количина на шеќер. Консумирањето прости јаглехидрати кои не содржат влакна, како колачи, бонбони и печива, ја нарушуваат рамнотежата на шеќерот во крвта. Даваат ситост краток временски интервал и овој вид храна ќе ве натера да изедете повеќе во текот на наредниот оброк.
6. Намалено внесување протеини
Протеинот е важен за изградба и закрепнување на ткивата и за борба против вирусни и бактериски инфекции. Ниската количина на протеини може да доведе до слабеење на имунолошкиот систем.
7. Користење витамин Ц повеќе од препорачаното
Витаминот Ц има важна улога во заштитата на телото од инфекции. Бидејќи телото не може да складира витамин Ц, задолжително е редовното консумирање намирници како портокал, лимон, пиперка, киви и домати.
Меѓутоа, од друга страна, употребата на суплементи на витамин Ц без лекарски надзор, исто така, може да нанесе штета и да предизвика камен во бубрезите. Се препорачува витаминот Ц да го обезбедувате од храната, наместо да се потпирате на суплементи.