Деновиве добивме информации, дека во ЈЗУ Општа болница-Струга, на одделот за гинекологија не работи ехо-апаратот повеќе од еден месец, обвинија од ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга на вчерашната прес конференција.
-„Министре, Венко Филипче, каде е Вашата грижа за пациентите и докторите?
Тие секојдневно се соочуваат со дефект на апарти во сите болници низ државата, а да не зборуваме за прокиснатите кровови и основните услови кои треба да им бидат овозможени на сите пациенти.
Вака ли одите по прав пат?
Во 21ви век да не Ви функционира основен апарат за преглед на бремени жени е навистина недозволиво!
Сте се запрашале ли, дали тие жени имаат финансиски средства да одат секој месец на преглед, во приватна ординација?!
Ваквото неодговорно однесување на власта и непочитувањето на граѓаните на Република Македонија е јасен показател дека не водите грижа за ништо, само за Вашите удобни фотелји!
Совеста не Ви е чиста, ама разумот на граѓаните и тоа како е бистар!
Знаат да препознаат!
Казната ќе Ве стигне на 12 април!
Време е за обнова на Македонија!“, повикаа Мартина Јанковска-Стојаноска, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Струга.