Негативни се резултатите на коронавирус кај пациентката која утрово се јавила на инфективната клиника

Министерството за здравство информира дека негативни се резултатите на коронавирус кај пациентката која утрово се јавила со знаци на респираторна инфекција на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во…

Министерството за здравство информира дека негативни се резултатите на коронавирус кај пациентката која утрово се јавила со знаци на респираторна инфекција на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Пациентката патувала во критичниот регион на Северна Италија и влегла на 26-ти февруари во земјава.

-Засега нема нов случај на заразен со корона вирус. Единствената пациентка којашто се лечи на инфективната клиника е во добра општа состојба. Негативен е резултатот на возачот, којшто го управувал комбето, во кое патувала пациентката којашто се лечи на инфективната клиника. Поради секоја можна варијанта тој и понатаму ќе остане во домашна изолација, во текот на следните денови, се до четиринаесеттиот ден, кога завршува периодот на инкубација, а потоа лекарите специјалисти, инфектолози, епидемиолози ќе одлучат дали и повторно ќе се тестира“, изјави Филипче.

Од ресорното министерство порачуваат дека нема простор за паника и апелираат граѓаните да ги почитуваат дадените препораки и доколку почувствуваат некакви симптови да се јават во некој од подрачните центри за јавно здравје.


Related Articles