Ова се три важни совети против стрес кои секогаш ќе ви се најдат:
Посветете се на една работа
Извршувајте ги задачите една по една и посветете ѝ се на работата што ја правите. Уживајте во неа, почувствувајте како ве напушта потребата да ја завршите задачата што побрзо за да ѝ се посветите на следната обврска.
Ослободете се од идеализација
Стресот често не е предизвикан од надворешни фактори, работа или семејни проблеми, тоа се само делови од нашите животи. Стравот го создава стресот.
Страв од неуспех, страв дека нема да бидеме сакани, дека не сме доволно добри, стравуваме дека некој ќе нè напушти…
Коренот на стравот лежи во идеалот што го создаваме на самите себе, а потоа се плашиме дека нема да го достигнеме. Кога сфаќаме дека тоа е невозможно се разочаруваме.
Подобро е да ја прифатиме неизвесноста и да веруваме дека сè ќе биде добро. Ќе се плашиме помалку, а нашиот стрес ќе биде значително намален.
Прифатете го однесувањето на другите со насмевка
Обично се вознемируваме кога другите не се однесуваат онака како што мислиме дека треба. Наместо да гледаме на тоа како на нешто вознемирувачко, треба да се обидеме да ги прифатиме другите.
Ако ги прифатиме такви какви што се, ќе препознаеме во нив дел од нас. Сите бараме среќа, и се бориме за истата како што мислиме дека треба.
Затоа, прифатете ги другите со насмевка, уживајте во вашето време со нив и ќе бидете посреќни.