Лоши вести за оние кои уживаат во една чашка вино во денот, за што мислат дека е здраво. Нова глобална студија објавена во Лансет го потврди претходното истражување кое покажа дека не постои безбедно ниво на консумација на алкохол.
Истражувачите признаваат дека умереното пиење може да заштити од болести на срцето, но откриле дека ризикот од рак и други болести ги надминува овие заштитни мерки.
Авторот на студијата вели дека неговите наоди се најзначајни до денеска, поради опсегот на разгледувани фактори.
Во рамките на студијата биле испитани нивоата на употреба на алкохол и нејзините здравствени ефекти во 195 земји, вклучувајќи ја Велика Британија, во периодот помеѓу 1990 и 2016 година.
Анализирајќи ги податоците од 15 до 95-годишници, истражувачите ги споредиле луѓето кои воопшто не пиеле со оние кои имале еден алкохолен пијалак дневно.
Тие откриле дека од 100 000 лица кои не пијат алкохол, 914 ќе развијат здравствен проблем поврзан со алкохолот, како што е ракот или страдаат од повреда. Но, дополнителни четири лица ќе бидат погодени ако пиеле еден алкохолен пијалак дневно.
За луѓе кои имале два алкохолни пијалаци на ден, 63 повеќе развиле состојба во рок во период од една година, а за оние кои консумирале пет пијалаци секој ден, ризикот се зголемил за 338 лица, кои развиле здравствен проблем.