Македонија нема медицински кадар во јавното здравство остручен за прочистување на крвта на бебињата пред породување во ситуација на здравствени компликации. Затоа, ваквите случаи завршуваат на третмани во странство.
Сите лекари специјалисти за ова прашање се во приватните болници, а нема нови кадри заинтересирани за оваа област.
На годишно ниво на Клиниката за трансфизиологија, околу 2.500 до 3.000 бремени жени вршат контроли за крвната група.
Министерот тука треба да инвестира пари и да направи програма за да може овие кадри да ги сочуваме, Зар не?