На струшкото крајбрежје повеќе нема да има педалинки. Струшките советници на последната седница едногласно ја изгласаа одлуката за забрана.
Причина за тоа се бројните несреќи со смртни последици изминатите години, вели градоначалникот Рамиз Мерко.
– Години наназад најголем број жртви во водите на езерото се млади кои ги користеле педалинките – вели Мерко.