Витаминот Ц е од огромно значење за здравјето на кожата. Доктор Карен Бурк ,дерматолог и советник додава: истовремено тој ја штити кожата од радикално оштетување кое може да биде предизвикано од загадувањето, пушењето или од сончевите зраци.
Научно е докажано дека три до четири месеци откога ке започнете да користите креми направени на база на Ц витамин, ќе добиете одлични, видливи резултати.
Значаен проблем е што природното ниво на Ц витамин во кожата е најчесто многу ниско. Само еден процент од витамините што ги конзумираме преку храната, вклучувајќи го тука и Ц витаминот, завршуваат во нашата кожа.
Истражувањата кои секојдневно се спроведуваат, покажуваат дека половина час изложеност на силно сонце или три часа изложеност на градското загадување, можат да ги преполоват овие и онака мали нивоа , оставајки ги нашите лица ранливи и подложни на оштетувања кои предизвикуваат брчки, нерамномерна пигментација и и намалена цврстина.
Кожата го користи витаминот Ц за да формира еден вид на леплива материја која ги држи површинските келии заедно, а тоа ја потврдува заштитната функција на кожата, нејзината способност да ги држи отровите надвор, а водата внатре. Ова предизвикува намалување на црвенилото и смалена иритација на кожата. И кога еднаш ке се нанесе на кожата, келиите складираат резерви кои ги чуваат за моментите кога ќе им биде потребен.
Сепак внимавајте. Предолгото користење предизвикува црвенило. Факт е дека витаминот Ц е истовремено и ацид. Бидете умерени во дозирањето за да ја исползувате лековитоста.