Невакцинираните луѓе имаат 10 поголема веројатност да бидат хоспитализирани и 11 пати поголеми шанси да умрат отколку оние кои биле целосно вакцинирани, се вели во студијата објавена од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Студијата беше спроведена на 600 илјади луѓе во периодот од април до средината на јули.

Невакцинираните луѓе имале 4,5 пати поголема веројатност да се заразат, се вели во студијата, а објавени се и две други студии од страна на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), кои покажуваат дека заштитата добиена од вакцини опаѓа кај постарата популација, особено кај оние на возраст од 75 години и повеќе, по

Студиите, исто така, покажуваат зголемување на полесни инфекции кај целосно вакцинирани луѓе.