Од 15 октомври, Италија ќе стане првата европска земја која бара таканаречена „зелена потврда“ – дигитален или хартиен доказ за вакцинација, прележан вирус или негативен ковид-19 тест во последните 48 часа – на сите работни места, без разлика дали станува збор за приватни или јавни. Ова е само еден чекор поблиску од воведувањето на задолжителна вакцинација, што премиерот Марио Драги отворено го размислуваше пред само еден месец, пишуваат светските медиуми.

Новото барање за зелени сертификати за работни места е се уште едно од најстрогите во светот. На работниците им се дава пет дена „неоправдано отсуство“, по што платите може да им бидат суспендирани иако не можат да бидат отпуштени. Работниците кои ќе се појават на работа без зелена потврда и работодавачите кои не ги проверуваат се соочуваат со казна до 1.500 евра.

Италијанската влада најпрво во јуни воведе сертификати за меѓународните патувања, потоа ги прошири и во рестораните, театрите, спортските сали и базените, а на почетокот на септември и при железничките патувања на подолгите релации, меѓурегионалниот јавен превоз, домашните летови, како и за родителите што ќе влегуваат во училиштата.

Објавувајќи ја одлуката, италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца рече дека новите мерки ќе ја подобрат безбедноста и „дополнително ќе ја зајакнат кампањата за вакцинација“ во земјата, објави Би -Би -Си.

Само неколку дена пред целосната имплементација, многу работници ја изразија својата фрустрација поради недостатокот на информации за примена и спроведување на новото правило. И покрај гласното малцинство „против вакцина“, Италијанците широко ја поддржаа владината кампања за вакцинација. Италија, со своите 59,55 милиони жители, досега испорачала најмалку 86,665,355 дози вакцини, додека порталот Statista.com пишува дека досега околу 43,3 милиони Италијанци се целосно имунизирани против ковид, што е околу 80% од населението.

Но, бројот на заразени продолжува да расте, како резултат на делта сојот. Италија досега има регистрирано над 4,6 милиони случаи и повеќе од 130,000 смртни случаи од ковид од почетокот на пандемијата,