Мајка родила вистинско “сирена бебе”, но истото го загубило својот живот само 15 минути по породувањето. Докторите биле шокирани, никогаш до сега немале видено такво бебе.
Дикша Камбл (25) ги изненади докторите кога родила бебе со споени нозе како “перка” во болница во западна Индија. Ова е редок феномен наречен сиреномелија или синдром на сирена и е исклучително ретко вродено нарушување во развојот кое предизвикува абнормалности на долниот дел на ‘рбетот и нозете.
Бебињата родени во ваква состојба се со делумна или целосна фузија на нозете. Освен што нозете на бебето биле споени, истовремено не можело да се одреди полот на новороденчето.
Д-р Санџај Бансоде, гинекологот во болницата, рекол дека тој и неговиот тим биле шокирани кога виделе дека бебето излегува со”перки”.
- Тоа е исклучително редок случај. Мајката пристигна во 7 часот и до 9 часот го роди детето. Секој од нас беше шокиран штом го здогледа бебето. Моите ученици никогаш порано не виделе нешто слично, искоментирал гинекологот.
Бебето не само што имало фузија на нозете, туку имало и други внатрешни аномалии како бубрежни и белодробни деформитети.
“Бебето не можеше да преживее повеќе од 15 минути”, заклучи гинекологот на крајот.