Нашата земја овие денови никако да се симне од првите 10 места од оваа топ листа на најзагадени земји и градови во светот.
Македонија утрово според светската страница за мерење на воздухот „Аирвижуал“ се наоѓа на четвртото место во светски рамки според загаденоста на воздухот.
Според резултатите ова утро во Скопје најзагадено е скопско лисиче со 248 ПМ 10 честички на метар кубен, потоа Миладиновци со 164 ПМ 10 честички на метар кубен, а потоа и ректоратот во Скопје со 101 ПМ 10 честички, најзагаден град во внатрешноста денеска повторно е Кавадарци, потоа следува Струмица и Велес.
И јавноста логично по овие резултати се прашува дали навистина власта продава лажна политика и мерки кои служат само за манипулирање на јавноста.
Власта завчера доцна попладнето донесе и мерка за воведување на беспатен јавен превоз се со цел граѓаните да го користат за да се намали загадувањето во Скопје.
Доказ дека оваа мерка за жал не донесе резултати потврди и портпаролот на ЈСП Деспина Трајковска- Димова за електронските медиуми.
-Скопјани не ја користат една од пакетот мерки на градот – бесплатниот превоз. Извештаите говорат дека не се зголемуваа свесноста за користење на јавниот превоз. И сега кога воздухот е загаден, тие не ја напуштаат удобноста на автомобилите, вели Трајковска-Димова.