Доктор Игор Гила Николов заедно со Професорот Трајко Славески, двајцата носители на листи на кандидати за советници, денеска беа на средба со здравствените работници и вработени во Клинички Центар Мајка Тереза. Доктор Николов како носител на листа за советници од Општина Бутел и професорот Славески како носител на листа за советници на град Скопје, на средбата разговараа на тема „Создаваме нова иднина“ или како до Промени, Проекти, Победи.
– Ова е од особена важност поради нивната силна желба да се промени моменталната ситуација на безидејност, апатија, од една страна, а од друга страна средбата со вработените во Клинички центар и здравствените работници следи поради нивната вклученост во првите редови со корона пандемијата која дополнително го искомплицира секојдневието во државава, беше речено на средбата.
И општините и Советите можат многу да придонесат за јавното здравје иако немаат директна надлежност во здравството. Но, со осмислени активности, проекти може директно да им помагаат на граѓаните во општините.