И покрај тоа што повеќето ја гледаат како естетска работа, косата може да зборува и да предупредува на бројни здравствени проблеми
Дали знаевте дека, во просек, човекот има околу 100.000 влакна на главата и губи околу 100 влакна секој ден? Ова не е причина за загриженост бидејќи тие се заменуваат со нови влакна.

Но, причина за загриженост е ако вашата коса паѓа одеднаш, е кршлива и е без сјај. Постојат многу причини: од стрес, преку слаба исхрана, па се до проблеми со хормони.

Aнемијаta, падот на железото или нарушена функција на тироидната жлезда, може веднаш да се забележat на косата – по нејзиниот изглед и лош квалитет.

Во услови на болест на тироидната жлезда, кога е нарушена нејзината функција, се јавува опаѓање на косата, губење на сјај, кршливост, слично на синдром на полицистични јајници. Жените ја губат косата, средниот дел, заради зголемувањето на андрогените хормони, тестостеронот. Ова се некои од причините што можат да предизвикаат опаѓање на косата:

Премногу витамин А
Преголемото внесување на овој витамин може да предизвика губење на косата. Типично, овој проблем се јавува кај девојчиња кои земаат додатоци, особено бета-каротин, за побрзо оцрнување за време на сончањето. Затоа е многу важно да се консултирате со вашиот лекар пред да земете какви било додатоци.

Емоционален стрес
Доколку сме изложени на стресни периоди како што се развод, смрт на некој близок или грижа за најблиските кои се немоќни. Сето ова може да предизвика предвремено губење на косата.

Лекови
Одредени лекови, особено хемотерапија, може да резултира со опаѓање на косата. За жал, ова е неизбежна цена за повеќето жени да го поправат своето здравје. Утеха е дека новата коса што расте ќе биде посилна, подебела и поубава од кога било.
Меѓу другите лекови кои можат да предизвикаат опаѓање на косата, се интерфероните, некои антифунгали,
многу имуносупресиви, како и литиум што се користи за лекување на биполарно нарушување.