Им фалело накит од домот и поставиле безбедносни камери, но останале во шок од тоа што виделе. Откриле дека нивната дадилка, која работела речиси две години кај нив како физички и психички ги малтретира нивните тригодишни близначиња.
Со хистерично викање в лице, влечење за раце и удирање 55 годишната негователка се изживувала врз две мали дечиња кои секојдневно преживувале пекол во сопствениот дом.
Алфа стапи во контакт со мајката на малтретираните блзиначиња, кој вели дека е во шок од она што го видела односно тепањето на дечињата, мајката сакаше да остане анонимна, но истакна дека сака да ги охраби сите родители кои се соочуваат со ваков проблем да пријават.
Би сакала да ги охрабрам сите родители кои се соочиле со ваква ситуација или се сомневаат, да го пријават случајот, да проверат, да не се плашат дека некој ќе ги повреди или дека ќе им наштети. Се надевам судот ќе биде фер и дечињата ќе да ја добијат правдата што ја заслужуваат.
Според извори на Алфа, дадилката две години ги чувала децата, но родителите девијантното однесување го дознале пред скоро, по што мајката пријавила во полиција. МВР веднаш реагирало.
„А.К. е приведена, а за случајот е известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.
Од основното јавно обвинителство велат дека издале наредба за спроведување истражна постапка против негователка осомничена за запуштање и малтретирање на дечињата. Јавниот обвинител побарал притвор за дадилката, затоа што страувале дека може да избега, да влијае на сведоците или да ги повтори делото.
„Таа постојано им викала и ги навредувала без причина, но и физички ги напаѓала со удари по главата и кубење на косата“, пишува во соопшението од обвинителството.
Од детската амбасада Меѓаши велат дека е редно време институциите да почнат да си ја вршат работата како што треба, и минситерството за труд и социјала да преземе одговорност за немилите настани.
Иако јавноста и невладините организации бараат Министерството да стори нешто, сепак минситерката Царовска не дава никакви инфомации за случајот оти бил во фаза истрага. Не одговори ни дали негователката имала лиценца.
Јас не би сакала да давам изјави за јавноста, во процес на истрага, кога ќе се заврши истрагата во тој момент сите информации кои се потребни ќе бидат јавно достапни, истакна денеска министерката Царовска.
Ова е втор случај за само две недели во кој јавноста е згрозена дадилки кои тепаат малолетни деца. Дадилката од минатонделениот случај сега се наоѓа во 30 дневен притвор.