Новата варијанта на коронавирусот има голем број на мутации и се стравува дека е многу пренослива, но и дека има голем потенцијал да избегне имунитет стекнат со вакцинација. Новиот вид е откриен во Јужна Африка, a СЗО ќе го оцени сојот и дали ќе ја означи варијантата Б.1.1.529 како онаа што треба да се следи и да се смета за „загрижувачка“, поради големиот број на мутации.

На Б.1.1.529, беа забележани 50 мутации, а 30 беа пронајдени на спајк протеинот. Повеќето од вакцините за коронавирус што се користат го таргетираат спајк протеинот, бидејќи вирусот го користи за да добие поголем пристап до клетките на нашето тело. Варијантата, која СЗО најверојатно ќе ја именува како „НУ“ во наредните денови, предизвика големо зголемување на бројот на заразени случаи во Јужна Африка, а беше откриена и во Боцвана и Хонг Конг, меѓу патниците од Јужна Африка.

Покрај тоа, луѓето заразени со новата варијанта имале посериозни симптоми, а се стравува дека овој вид е поопасен од варијантата делта. Бројот на дневни инфекции во најтешко погодената земја во Африка е зголемен за 10 пати од почетокот на овој месец.

– Првите наоди на новата варијанта покажуваат дека таа има голем број мутации кои бараат и ќе бидат подложени на понатамошно проучување – изјавија претставници на СЗО.