Нови 111 случаи на новозаболени во Македонија, две лица починаа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 63, Куманово – 11, Штип –…

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 63, Куманово – 11, Штип – 12, Тетово -8, Велес – 3, Охрид – 1, Гостивар – 3, Крива Паланка – 1, Кочани – 9. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3025, бројката на оздравени пациенти е 1646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1226.  Согласно тоа најголем број на активни случаи има во: Скопје-658, Куманово-140, Штип-136 и Тетово-119. Изработени се 854 тестови, а од нив 103 се во рамките на скринингот во градинките преку ЦЈЗ Штип и Кочани, од кои 9 тестови на вработени во градинки во Кочани се позитивни на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 27 се потешко болни и на кислородна поддршка. До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно хоспитализирани 41 пациент. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 30 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

По општини најголем број на активни случаи има во: Чаир-152, Бутел-59, Гази Баба-58, Аеродром-53, Сарај-52 и Центар-52.


Related Articles