Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 5.759 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 20, Куманово – 14, Тетово – 10, Гостивар – 9, Битола – 7, Струмица – 5, Охрид – 3, Кавадарци, Струга, Кичево и Берово – по 1
Регистрирани сe 9 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Куманово и Штип – по 2, Струмица и Кочани – по 1. Не се пријавени починати лица.
Направени се 5.759 тестови преку: ИЈЗ-57, ЦЈЗ Скопје-37, ЦЈЗ Битола-107, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–18, Жан Митрев (Филип Втори)-73, Авицена-193, Биотек-152, Систина-71, лабораторија Лаор-653, Синлаб-4, Ремедика-9, Плодност–40, Генеа–18, Никоб лаб-1.306, ВФВ Медикал-75, Ели Медика-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.814.
Досега во земјата се направени вкупно 982.469 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.452 бројката на оздравени пациенти е 150.371, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 588.