Синот на претседателот на Србија Александар Вучиќ, Данило после подобрувањето на здравствената состојба е префрлен во привремената болница на Саемот во Белград од Инфективната клиника каде од 8 април се лекува од коронавирус.
По објавувањето на ваквата информација лавина реакции осамнаа по социјалите мрежи каде се вели дека Данило не е или не би требало да биде таму сместен поради безбедноста.
По ваквите реакции се огласи премиерката на Србија Ана Брнабиќ која реакциите ги нарече лицемерни додавајќи дека истите лица, доколку синот на Вучиќ не бил таму сместен, како што е воспоставен системот во ваква ситуација во Србија, би рекле дека сите не се исти и немаат ист третман.
Вучиќ, пак, изјавил дека сметал дека е важно да ги извести луѓето дека неговиот 22 годишен син е заразен од Ковид-19.
-Единствено се надевам дека ќе дочекам да одите на Саемот, а потоа дома. Го видов синот и се придржував до сите препораки кои важат, изјавил српскиот претседател откако објави дека неговиот син е позитивен на коронавирус.