Психологот Блерта Беадини откако таа е ангажирана како образовен асистент во Основното училиште Кирил и Методиј во Тетово, гледа голем напредок кај овој ученик со посебни потреби, на кој му помага на часовите во текот на целата учебна година.
Но, за сите деца нема образовни асистенти. Во училиштето Андреја Савески Ќиќиш во редовната настава беа вклучени неколку ученици со посебни потреби, но од нив само за едно од нив имаше образовен асистент, кој го плаќаа неговите родители.
Од Општина Тетово, велат дека образованите асистенти се ангажирани преку проект на УНДП. За наредната година и за основното училиште Андреја Савески Ќиќиш ќе бидат обезбедни вакви асистенти, кои се надеваат како што им ветила владата во иднина ќе бидат и редовно вработени во образовниот процес.
Но проблемите на учениците со посебни потреби не завршуваат тука. Засега државата не обезбедила ниту еден персонален асистент за Тетово.
Па често ваквите професионални кадри, родителите приватно ги ангажираат кои им помогаат на учениците, го носат ги враќаат на училиште на лекар и слично.
Од Здружението Хендимак, велат дека годинава Тетово бил ставен во листата на градови каде владата преку проект на светска банка ќе ангажира персонални асистенти , но во последен момент настанал проблем.
Неделава Министерот за образование и наука Арбер Адеми рече дека меѓу најзначајните новини во новиот закон за образование ќе биде инклузијата на учениците со посебни потреби во редовното образование.За таа цел ќе бидат ангажирани поголем број асистенти кои од 2022 веќе ќе бидат вработен наставен кадар во училиштата.