Протеинот е макронутриент одговорен за градење мускули и обезбедување енергија. Количината на протеини што треба да се консумира на дневна основа зависи од полот, возраста и начинот на живот.
Според веб-страницата „Health Harvard“, премногу протеини може да бидат штетни. Познато е, имено, дека прекумерното внесување на протеини од животинско потекло може негативно да влијае на работата на бубрезите, а кај некои луѓе може да предизвика таканаречена кралска болест, односно гихт.
Како што стареат луѓето, се зголемува препорачаниот дневен внес на протеини, но треба да се земат предвид и други фактори, како што е полот. Д-р Керол Гринвуд, професорка на Катедрата за нутриционистички науки на Универзитетот во Торонто, сугерира дека повеќето луѓе на возраст над 20 години треба да консумираат помеѓу 60 и 70 грама протеини дневно.
Од друга страна, многу фитнес тренери препорачуваат два грама протеини на килограм телесна тежина, особено за луѓето кои се на специјална диета за слабеење и сакаат брзо да ги видат резултатите. Овие препораки се во спротивност со препораките на лекарската фела, па кога се одлучувате за внесување на поголеми количества протеини за сметка на други групи на хранливи материи, дефинитивно треба да се консултирате со вашиот лекар.
Протеинот игра клучна улога како што старееме. Имено, како што старееме, храната богата со протеини станува се поважна за одржување на здравјето, пишува „Kaiser health news“.
– Иако конзумирањето адекватна количина на протеини нема целосно да го спречи губењето на мускулите поврзано со возраста, избегнувањето на внесување доволно протеини може да биде отежнувачки фактор што предизвикува постарите луѓе побрзо да губат мускули – вели Вејн Кембел, професор по нутриционистичка наука на Универзитетот Пердју во Индија.
Лекарите препорачуваат висококвалитетни извори на протеини. На тој список се пилешко, риба, јајца и млечни производи, пишува веб-страницата „WebMd“. Ако сте веган или вегетаријанец и барате опции за протеини кои не доаѓаат од животински извори, размислете за мешунките, јаткастите плодови, семките и интегралните житарки.