Tој по утврдувањето на фактите треба да се произнесе дали имало неправилности во купувањето на апратот за лабораторија за што реагираше Беља.
„ Основното јавно обвинителтво Скопје, како и во сите случаи досега, будно ги следи случувањата и објавите во медиумите. Воедно, веднаш презема дејствија за утврдување на фактите во доставениот поднесок. Пријавата е распоредена кај надлежен јавен обвинител. По прибирање на сите материјални и вербални докази, по нивно разгледување и анализа, ќе биде донесена јавно обвинителска одлука за натамошно постапување“, соопштија од обвинителство.
Од вчера Беља повеќе не е директор, него го разреши министерот за здравство Филипче со образложение дека екс директорот имал несоодветен настап во јавноста и нарушени меѓучовечки односи.
Од министреството за здравство потврдија дека Валон Беља немал никава рекација вчера и денеска до министертвото. Беља неофицијално образложи дека објаснување ќе даде откако ќе се консултирал со партијата ДУИ.
Министерот Филипче потврди дека ќе го разгледа и лично случајот дали имало неправилна набавка во клиниката и дека засега нема да има економски директор на оваа клиника. Квагата помеѓу двајцата директори почна кога Беља на својот фејсбук профил објави дека во клиниката се трошеле пари нерационално.
Медицинскиот директор Викторија Јовановска објасни дека се било по процедура, а настапот на другиот директор бил бидејќи тој барал вработување на двајца негови советници, а таа не гледала причина за тоа. Беља вчера пред јавното обвинителство посочи дека во овој случај имало и политичка позадина бидеjќи се вработувале кадри на СДСМ.
Беља најави дека уште ќе објавува за клиниката, но ќе објавувал и бомби. Обвинителството посочи дека и овој дел со најавените бомби ќе го следи.