Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за Јавно здравје информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 9, Кичево – 5, Куманово – 4, Тетово – 4, Прилеп – 2, Охрид – 2, Штип – 1 и Струмица – 1.
Од Министерството за здравство информираат дека нема починати лица.
Регистрирани се 34 оздравени пациенти од: Скопје – 18, Прилеп – 4, Куманово и Тетово – по 3, Битола – 2, Кичево, Гевгелија, Свети Николе и Делчево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420.