По препорака на Комисијата за заразни болести, негативен тест на ковид-19 ќе треба да приложат граѓаните на Србија, БиХ, Црна Гора и Косово, доколку планираат да влезат во Република Македонија.
Од утре, државјаните на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово ќе биде задолжително да приложат негативен ПЦР – тест на ковид-19, не постар од 72 часа, доколку сакаат да влезат во Северна Македонија.
Владата вечерва на седница го усвила предлогот на Комисијата за заразни болести за задолжителен ПЦР – тест при влез во државава од овие четири држави од регионот, соопштија од Министерството за здравство, најавувајќи повеќе детали во владиното соопштение по завршување на седницата.
Препораката што ја усвои изутрина Комисијата за заразни болести е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно со информациите добиени од медицинските власти во овие земји.