Ен Камерон успеала да излечи рак во четврта фаза само со сок од моркови, без хемотерапија, зрачења и промени во исхраната. По операцијата на рак на дебело црево во трета фаза, ситуацијата се влошила и ракот, кон крајот на 2010, метастазирал на белите дробови, со што се нашла во четвртата, терминална фаза на болеста.
И’ препорачале хемотерапија, без разлика што тоа не можело да и’ го продолжи животот. Таа одбила, а додека проучувала алтернативни методи на лечење, наишла и на податок за Ралф Кол, кој го излечил ракот така што пиел 1,5 литри сок од моркови дневно.
Така го почнала својот пат кон оздравувањето, пиејќи ја истата количина. Единствената промена што ја вовела во својот живот бил овој сок.
Во јануари 2013 година, осум недели по секојдневно пиење сок, снимката покажала дека канцерогените тумори престанале да растат, дошло до мало намалување на туморот и отеченоста на лимфните јазли. Во март 2013, немала нови тумори, ниту отечени лимфни јазли, а постоечките тумори продолжиле да се намалуваат.
Во јули 2013, ракот исчезнал, сите отечени лимфни канцерогени јазли се вратиле во нормала. По осум месеца пиење сок од морков, ракот целосно исчезнал. Нејзината приказна била пренесувана од страна на сите светски медиуми, но таа не е единствениот пример, ги има многу.
Народната медицина, но и онколозите од минатото препорачуваат сок од моркови, но и консумирање свеж морков во борба против оваа опасна болест. Освен што може да ги ублажи веќе настанатите последици, добар е и како превенција од болеста.
Сокот од моркови е добар и во овие случаи:
Го подобрува видот
Сигурно сте чуле дека морковот е добар за видот и тоа е научно докажано. Изобилува со витамин А, кој позитивно влијае врз подобрувањето на видот.
Го зајакнува имунитетот
Ова е особено важно во сезоната на вируси. Покрај здравата исхрана, спиењето и вежбањето, може да пиете и чаша сок од моркови, во која има многу витамин Ц, кој како што знаете, телото не може самото да го произведе.
Ја подобрува состојбата на кожата
Благодарение на витамините А и Ц, кожата произведува повеќе колаген, што гарантира младешки изглед.
Помага во контрола на притисокот
Ако боледувате од хипертензија, сокот од моркови дефинитивно ќе ви помогне. Калиумот помага за отстранување на негативните ефекти на солта и го држи притисокот под контрола, а добар е и за срцето.
Помага за стомачни проблеми
Сокот од моркови е одличен за регулирање на работата на цревата и отстранувањето на појавата на гасови.
Го намалува холестеролот
Покрај притисокот, сокот од моркови помага во одржувањето на холестеролот, што има позитивно дејство врз здравјето на целото тело.