Здравствениот систем секојдневно е во пад, а ова го докажуваат и вработувањата на медицински кадар и тоа преку социјални мрежи. Веќе неколку дена по социјалните мрежи кружи оглас за вработување на медицински сестри и физиотерапевти. Во самата објава пишува „д-р Кинг“ од Германија вработува медицински сестри и физиотерапевти, при што на самата објава и оглас оставен е и телефонски број.
Во јавното здравство иако власта манипулира со јавноста дека се вработуваат се повеќе медицински кадри и дека здравство се модернизира според европските стандарди, сепак сликата во реалноста е сосема поразлична. Македонското здравство секојдневно се соочува со одлевање на медицински кадри надвор од државата во Германија, Хрватска и други земји, по потрага за поголеми плати и подобри услови за работа.