Министерот за здравство, Венко Филипче полека почнува да открива кои дејности ќе се приватизираат или ќе преминат здравствени установи.
Министерството за здравство подготвува физибилити-студии со кои ќе анализира кои специјалности или супспецијалности можат да преминат во јавно-приватно партнерство. Филипче соопштува до јавноста дека ќе се анализираат сервисите како ин витро фертилизација, Брзата помош и други специјалности. Најчесто на државните клиники недостигала инфраструктура, а ова се модели кои сакаат да ги разгледаат, додека не заврши изградбата на новиот Клинички центар.
Министерството за здравство прави и анализа во која насока ќе се реализира партнерство за Детската кардиохирургија за таа да биде префрлена во приватна здравствена установа. Притоа, во јавноста се спомнува болницата „Филип Втори“. Целта е пациентите да ја добијат потребната здравствена услуга, а операциите за децата да бидат целосно обезбедени од Фондот за здравствено осигурување.
„Фондот не може да ги покрие сите приватни услуги во сите приватни болници затоа решивме да се фокусираме на најкритичните групи, а тоа се децата и затоа сега ги разгледуваме и аспектите за Детската кардиохирургија“, најавил Филипче.
Со ова министерот ја отвора и дилемата: Дали и натаму ќе биде неопходна толку голема инвестиција за изградба на новиот Клинички центар или тие пари да се инвестираат во јавно-приватно партнерство?
Со овој потег министерот е решен, кој има пари може да се лекува и ќе преживее. Со еден збор министерот го уништува јавното здравство.