Од средниот век, против срцеви и васкуларни заболувања се користи глог.
Ова растение се смета за едно од најздравите растенија во светот, а тоа е воедно и растение со најдолга традиција на лекување.
Кинезите некогаш од глог правеле ферментирани пијалоци. Подготовките на глог се едни од оние хербални лекови чие делување е клинички најобемно документирано. Глогот зајакнува и ја регулира работата на срцето. Покрај тоа, извонреден е регулатор на крвниот притисок. Многу студии потврдуваат дека пациентите со срцеви заболувања реагираат позитивно откако конзумирале глог, помалку се уморни и помалку доживуваат симптоми како што се недостаток на здив и „прескокнувања“ на отчукувања на срце.
Глог е едно од растенијата со најсилен смирувачки ефект. Помага при замор, недостаток на енергија, лош сон, отежнато дишење, вртоглавица, чукање на срцето, вознемиреност, нервоза и бучава во ушите. Важен е и во менопауза.
Може да се користи како помош при слабеење, бидејќи поттикнува елиминација на вишок вода од телото.
Исто така, штити од слободни радикали и спречува болести на крвните садови како што е артериосклероза. Бројни студии за глог утврдиле дека е безбедно и добро подносливо растение. Меѓутоа, глогот не се препорачува на бремени жени и доилки.
Иако глогот е безбеден за употреба, не се препорачува да се користи со некои лекови за срце. Најдобро е да се консултирате со лекар пред сами да се впуштите во лечењето со помош на глог.