Кога ќе ги измешате двата најздрави производи на светот, ќе го добиете најмоќниот лек против многу болести
Лукот во комбинација со зачини го подобрува вкусот на јадењата. Се користи речиси во сите кујни. Уште од дамнешни времиња, лукот се смета за едно од најефикасните средства против разни болести, а употребата на лукот заедно со медот на празен стомак максимално му користи на организмот.
Нема поздрави намирници од лукот и медот. Лукот, како и медот треба да ги јадете во свежа форма, а експертите велат дека оваа мешавина може да спречи рак.
Како се прави оваа лековита мешавина?
Медот само ги засилува корисните својства на лукот. Ако јадете мед со лук една недела на празен стомак, значително ќе го подобрите вашето здравје.
Потребни состојки: 1 шолја пчелин мед, 10 чешниња лук
Приготвување: Сомелете го лукот во блендер. Сипете го лукот во тегла, па додајте го медот. Затворете ја теглата и оставете ја на ладно место една недела. Земајте го лекот секој ден една недела на празен стомак, и тоа само по една лажица.
Потоа, направете пауза од неколку недели, па повторете го земањето на овој лек.
Придобивки од лекот:
- ја подобрува циркулацијата на крвта
- го регулира крвниот притисок
- го намалува нивото на лош холестерол во крвта
- ги намалува воспаленијата
- го зајакнува имунитетот
- ја ублажува кашлицата
- го лекува телото од настинки и грипови
Додека го користите овој лек, се препорачува да одбегнувате масна храна, шеќер и брза храна.