Пастите за заби на база на јаглен, за кои во минатиот период се тврдеше дека ги избелува забите, претставува само маркетиншки трик што всушност може да го зголеми ризикот од кариес и расипување на забите, се вели во прегледот во весникот British Dental Journal.
Производите со јаглен, кои стануваат се повеќе популарни, често не содржат флуорид за да ги заштитат забите. Не постои научен доказ кои би го поткрепиле тврдењето дека овој вид паста има корист за оралното здравје, тврдат авторите. Тие укажуваат дека прекумерното четкање заби со оваа паста може да донесе повеќе штета отколку корист.
Експертите советуваат луѓето да одат кај својот стоматолог за совет за избелување на забите и да се истакне дека е подобро да се држите до стандардна паста за заби на база на флуорид. Јагленот прв пат е користен за потребите на оралната хигиена во античка Грција, за отстранување на дамки од забите и непријатниот мирис на заболените непца.
Д-р Џозеф Греенвал-Кохен, ко-автор на студијата од Стоматолошкиот Факултет на Универзитетот во Манчестер, изјавил дека се повеќе продавници продаваат пасти за заби и прав на база на јаглен, откако познати личности почнаа да говорат за нивната употреба.
Некои од нив велат дека овој вид на паста за заби е антибактериска, антифунгална, дека помага за избелување на заби и намалување на нивното пропаѓање. Меѓутоа, авторите на истражувањето велат дека овие тврдења не се докажани.
Во прегледот, исто така, се наведува дека луѓето редовно ги миеле забите со производи на база на јаглен со надеж дека за мала цена брзо ќе ги опорават и избелат забите, пренесува BBC.