Министерство за здравство денес се пофали со набавка на две интерклинички возила за транспорт на болни лица. Овие возила ќе имаат опрема која ќе ги задоволи потребите на пациентите се со цел да не им се загрози здравствената состојба.
Во недостиг на свои проекти Филипче ја продолжи политиката на ВМРО-ДПМНЕ. Овој проект за набавка на интерклинички возила ја има започнато ВМРО-ДПМНЕ уште во 2012 година со набавка на две интерклинички возила. Ова е уште еден доказ дека оваа влада има недостиг на идеи и проекти и самата признава деката проектите кои ги реализираше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се во корист на граѓаните.
Можеби е време Филипче наместо да се слика, да започне да работи бидејќи откако тој е министер здравствениот систем се наоѓа во тотален хаос. Само да потсетиме дека пред недела дена граѓаните алармираа бидејќи повеќето од амбулантните возила воопшто не биле во возна состојба, дури и упатените додаваа дека по потреба во Карпош имало плус по една до две екипи.
Заев по митинзи велеше: „Ќе го вратам „мерцедесот“ и со тие пари ќе се набават амбулантни возила за клиниките во Македонија“. Време помина, а „мерцедесот“ не се продаде, премиерот се вози со него додека животите на граѓаните висат на конец дали амбулантно возило ќе дојде на време.
Сепак Заев се пишмани и одлучи мерцедесот да си го остави за себе и за високите гости претставници на меѓународната заедница.