На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 380.624 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.732 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.818 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 613.219 дози вакцини, а ревакцинирани се 232.595 граѓани.

Со последните бројки 53 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 50 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Интерес за вакцинација на плтаформата вакцинација.мк досега изразиле 491.363 граѓани. Во моментов се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.