Периодот на изолација по позитивен ПЦР тест се скратува од 10 на 7 дена

Главниот координативен кризен штаб на синоќешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР КОВИД тест од 10 на 7…

Главниот координативен кризен штаб на синоќешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР КОВИД тест од 10 на 7 дена. Препораката е доставена до Владата и за неа треба да биде дискутирано на следната владина седница, информираат од владината прес-служба.

На седницата на ГККШ министерот за здравство Беким Сали ја презентирал актуелната состојба со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести поради, како што наведуваат од Владата, полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот.


Related Articles