По поплавите во Малешевијата, Калиманското езеро се соочува со насобран отпад

По поплавите кои во декември минатата година го зафатија Пијанечко-малешевскиот регион, деновиве на Калиманското езеро може да се заблежи отпад во вид на ќеси, шишиња, пластична амбалажа и цврст отпад….

По поплавите кои во декември минатата година го зафатија Пијанечко-малешевскиот регион, деновиве на Калиманското езеро може да се заблежи отпад во вид на ќеси, шишиња, пластична амбалажа и цврст отпад. Причината беа надојдените води на реката Брегалница и нејзините притоки, при што најголем дел од отпадот од дивите депонии кои се наоѓаа покрај речните корита заврши во Калиманско Езеро. Ваквата сосотјба претставува директна закана за животинскиот свет во езерото.

По социјалните медиуми се огласија граѓани кои посочија дека итно треба да се преземе акција со цел езерото да биде исчистено.

– Бараме надлежните органи да преземат соодветни мерки, како би ја спречиле оваа честа и несакана појава во водите на Калиманско Езеро. Отпадот го донесе река Брегалница, која заедно со своите притоки од општините Делчево, Пехчево и Берово се влева во езерото. Поради покачениот водостој, реката Брегалница во водите на Калиманци, со себе го носи и со години одложуваниот отпад покрај своето речно корито, што е најверојатна причина за оваа несакана појава, велат загрижени граѓани.

Граѓаните предупредуваат дека оваа појава ја има на целата површина од езерото и апелираат навремено да се пристапи кон чистење на отпадот, како би се спречила оваа еколошка катастрофа. Според нив, чести се и пријавите за помор на риби во река Брегалница што ја прави најголем загадувач на водите во Калиманското Езеро.


Related Articles