Изминативе неколку дена сме сведоци на секаков хаос во редовите на СДСМ а воедно и во редовите на нивните министри. Тука не изостанува министерот за здравство Венко Филипче кој цело време покажува голем степен на негрижа за здравствениот систем во државата, за пациентите, за клиниките, за медицинскиот персонал, за хигиената, за основните средства, за хаосот во и вон клиниките. Но никој од граѓаните, пациентите, не е информиран и не знае за сето она што се случува позади превезот на Филипче, што е тоа што министерот упорно пробува да го затскрие но никако не успева.
Една од тие работи е хаотичната состојба што ги зафаќа клиниките една по една. Доколку се сеќавате ние веќе известивме дека клиниката за детски болести во нејзиниот подрум нема што нема. Од расфрлани кревети, искршени плакари, до разноразен отпад кој се трупа и складира во подрумот на оваа скопска клиника во склоп на клиничкиот центар. Децата кои доаѓаат тука се во страв, заедно и нивните родители, бидејќи несвесно незнаат на што се изложени, дека може да добијат нешто повеќе наместо да го излечат тоа за што дошле. Но, родителите и децата не се информирани, бидејќи министерот Филипче успешно ја крие оваа информација од јавноста, говорат сликите и добро упатените во оваа проблематика.
До нашата редакција дојде информација за уште една скриена работа под превезот на Филипче, станува збор за операционата сала на Клиниката за Ортопедија, која не е подрум, не е магацин, не е ниту складишен простор, но сепак е во хаос преплавена со работи за фрлање, смет, отпад и што уште не. Во секој случај не е место каде треба да има пациенти, да се оперираат ниту пак било какви медицински зафати без разлика колку и да се мали да се изведуваат бидејќи операционата сала на Клиниката за ортопедија е полоша него кланица, нема никакви основни услови за работа нема ништо, само купишта ѓубре и хаос. Погледнете каква е сликата од салата за операција на Клиниката за Ортопедија:
До кога Филипче ќе ги затскрива ваквите ужаси на клиничкиот центар? Кога ќе им се каже вистината на македонските пациенти? Кога министерот за здравство ќе превземе одговорност за неговите (НЕ)дела?