Во Македонија состојбата во болниците во однос на хоспитализирани пациенти заболени од Ковид 19 изгледа вака: На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти, со што вкупно на оваа клиника се хоспитализирани 101 пациент. На кислородна поддршка се 46 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“, пак, примени се 20 нови случаи, а вкупно хоспитализирани се 133 пациенти. На респираторна машина се 5. Со ова ГОБ “8 Септември“ има најголем број на хоспитализирани пациенти од Ковид-19.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Освен ГОБ „8 Септември“ која во моментов е најголемиот Ковид центар во државава, од утре и Детската болница Козле ќе започне со прием и на возрасни пациенти заболени од Ковид-19. Болницата располага со 60 места за возрасни и 15 места за деца сомнителни и заразени од коронавирусот. Уште еден ваков Ковид центар се подготвува и во Кавадарци.