Погледнете кои професии се најризични за инфекција со Ковид-19

Европскиот центар за превенција и контрола на болести го анализира појавувањето на т.н. кластери, во овој случај групи од најмалку две заразени со коронавирус, во различни работни средини, за да…

Европскиот центар за превенција и контрола на болести го анализира појавувањето на т.н. кластери, во овој случај групи од најмалку две заразени со коронавирус, во различни работни средини, за да ги охрабрат државите да обрнат внимание на специфични групи на работници и работни услови што овозможуваат ширење на инфекцијата.

Според податоците од анализите, најголем ризик за инфекција со коронавирус имаат вработените во домови за стари лица, како и медицински работници во болници. Иако лекарите и медицинските сестри се помалку болни од луѓето кои работат во старечки домови, нивната смртност е поголема.

Од друга страна, продавниците се покажаа како прилично безбедни работни околини.

На второ место во однос на бројот на пациенти се погони за преработка и пакување на храна, како што се кланици, земјоделски работи, и фабрики.

На дното на скалата се продавниците и образовните институции, додека баровите и рестораните забележале само пет појави на групирање на заразените. Како и да е, треба да се забележи дека во текот на пролетните месеци работата на секторот образование и на гостопримството, беше ограничена.

Дури 95% од извештаите на групите на пациенти доаѓаат од затворен простор, што само по себе е проблем затоа што повеќе од 80% од работите се прават во затворено.


Related Articles