Поимите топлотна истоштеност (сончаница) и топлотен удар често се мешаат. Наместо како две различни нешта, гледајте на нив како на два различни степени на затоплување на вашето тело. Но, топлотниот удар е поопасен од топлотната истоштеност. Топлотниот удар може да се случи кога, на пример, вршите физичка активност на висока температура или кога топлотната истоштеност не се третира правилно.
Кога надвор е екстремно топло, телото апсорбира повеќе топлина одошто може да испушти. Телесната температура може да порасне до 41 степени Целзиусови за 10 до 15 минути. Ова акутно прегревање може да предизвика антивоспалителна реакција низ целото тело. Регулаторниот топлински систем на телото крахира и потењето престанува. Потењето е начинот преку кој телото се лади, и без него температурата на телото почнува да расте.
Топлотниот удар е животно загрозувачки. Симптомите се нарушена свесност, главоболка, вртоглавица и гадење, повраќање, диареа и низок крвен притисок. Топлотните удари се развиваат во рок од еден од шест часа и можат да предизвикаат смрт во рок од 24 часа доколку адекватно не се третираат.
Како да постапите: Алармирајте ја итната помош при првите сигнали на топлотен удар. Загрозеното лице треба итно да се тргне од сонце или топлина, на студено место или под сенка. Телото треба брзо да се излади по можност со студена вода, ледена бања или намокрени алишта, и да пие течности. Непотребната облека да се извади. Доколку лицето е во несвест, но дише нормално, треба да се постави во стабилна лежечка позиција додека да пристигне итната помош. Нормалното дишење и свесноста треба постојано да се проверуваат. Доколку лицето не дише нормално, треба да се започне со реанимација.
Како да избегнете топлотен удар и сончаница: При екстремно високи температури, регулаторниот систем на нашето тело брзо доаѓа до своите крајни граници. Дополнително, постарите луѓе честопати пијат премалку вода. Поради тоа, телото не може да продуцира доволно пот, што пак го отежнува ладењето на телото. Честопати, препорачливо и најсигурно е да се повика лекар.
Најдобриот начин да се избегне на топлотна истоштеност или топлотен удар е очигледен: не излегувајте премногу на сонце и особено не околу пладне, заштитете ја главата со светла капа, избегнувајте изложување на екстремна топлина и пијте многу течности. Непишано правило е дека на возрасните им е потребно најмалку половина литар вода повеќе од вообичаеното на топли денови.