Кога внимавате на вашата линија, а истовремено ако сте и голем гурман и обожавате да грицкате помфрит, ви предлагаме рецепт кој е диетален, поздрав и со вкус за паметење.

Состојки:
– 3 тиквички, исечени на тенки парчиња
– 100 грама пармезан, рендан
– 1 чешне лук, ситно сечкан
– маслиново масло
– сол, бибер по вкус

Подготовка:
Наредете ги тиквичките на плех, премачкајте ги со маслиново масло и посипете ги со лук. Зачинете со сол, бибер и посипете со рендан пармезан.

Помфритот се пече во рерна загреана на 200 степени додека тиквичките не поруменат, околу 15-20 минути. Пријатно!